Пех за Македонија, Елмас се повреди во дуелот со Летонија

Фудбалската репрезентација на Македонија ја дочека Летонија во петтото коло од Лигата на нациите. 

По активниот старт на средбата нашиот национален тим доживеа голем пех, бидејќи на повреда се пожали Ељиф Елмас. Фудбалерот на Лајпциг во 24. минута ја исфрли топката во аут збунувајќи ги присутните, а потоа сигнализира кон клупата дека не може да продолжи.

Елмас не беше во некој остар дуел, па нејасно е од каква природа е повредата. На негово место селекторот Милевски го пушти Лирим Ќамили.

Состави

Благоја Милевски

4-3-3

    Паоло Николато

    3-5-1-1