Пех за Ливерпул: Тукушто влезе во форма, Жота се повреди и го чека пауза

Јирген Клоп и Ливерпул имаат проблеми и доживеаја голем пех. Португалскиот крилен напаѓач Диого Жота заработи повреда и го очекува пауза од фудбалските терени. 

Португалецот тукушто влезе во форма, на последните десет натпревари даде шест гола и запиша четири асистенции, а сега доживеа пех. Тој го повреди коленото во премиерлигашкиот меч со Брентфорд, а тоа го потврди и Јирген Клоп за клупскиот веб-сајт.

„Диого има проблеми со коленото, очигледно тоа ќе трае со месеци. Не би можел точно да ви кажам колку ќе отсуствува“, изјави Клоп. 

Повредата ќе го оддалечи Жота од терените барем еден месец, а можеби и нешто подолго. 

Ливерпул в среда игра против Лутон во Премиер лигата, а в сабота го очекува финалето на Лига купот против Челзи.