• Саше Љолес
Поранешниот македонски репрезентативец и долгогодишен член на Динамо Загреб, Аријан Адеми, ќе мора да отсуствува од терените во следните дваесетина дена откако заработи повреда на натпреварот против Славен Белупо во хрватското првенство.
Се стравуваше дека повредата може да биде од посериозен карактер, некои медиуми пишуваа дека за него е завршената сезоната, но сепак, искусниот Адеми ќе биде во „аут“ до почетокот на следната година.
Неговото отсуство го потврди и тренерот Ненад Бјелица, кој посака побрзо враќање на Адеми во тимот. Динамо Загреб во моментов е на третата позиција во хрватскиот шампионат, со шест бода помалку од Ријека и Хајдук.