Пех за Атлетико: Повредата на Лемар не е наивна и го чека долга пауза

Фудбалерите на Атлетико Мадрид загубија на гостувањето кај Валенсија (3-0) во пресметката од петтото коло на Примера. Сепак, поболна за „јорганџиите“ од поразот е повредата на Томас Лемар. 

Француското крило мораше да биде заменето во финишот на првиот дел, а по медицинските прегледи, се испостави дека повредата не е наивна. Лемар има руптура на десната „Ахилова тетива“ и мора да оди на операција. 

Заздравувањето од оваа повреда е барем половина година, во најдобар случај нешто побргу. Така, стана јасно дека Чоло Симеоне ќе има една опција помалку за првата полусезона во нападот на Атлетико Мадрид.