• Саше Љолес
Дефанзивецот на Тотенхем, Педро Поро, доби нов договор од англискиот премиерлигаш, обврзувајќи се на соработка до 2031 година, со можност за продолжување за уште една сезона.
Тотенхем во своето соопштение не ги наведе деталите од договорот, но познато е дека 26-годишниот Поро има огромна доверба кај управата, а исто така и кај навивачите. Десниот бек пристигна во Лондон од Спортинг во 2023 година, и оттогаш одигра 152 натпревари за „петлите“.
Со англискиот клуб во сезоната 2024/25 ја освои титулата во Лига Европа и беше избран во идеалниот тим на натпреварувањето.
