ВИДЕО: Павков ја спаси Црвена Звезда од домашен пораз во „вечното“ дерби

Црвена Звезда и Партизан играа без победник во 159. вечно дерби, играно на „Рајко Митиќ“ во Белград (1-1). Со ова реми првакот од минатата сезона ја задржа огромната предност од 15 бода пред најголемиот ривал. Сепак, како и на првиот дуел на кој Партизан беше домаќин, немаше победник.  

Шампионот подобро го почна натпреварот и креираше шанси пред голот на Партизан. По првата мешаница Бен ја погоди „црно-белата“ мрежа, но судиите го поништија голот, сметајќи дека стрелецот се наоѓа во недозволена позиција.

Пред крајот на првото полувреме, по една голема мешаница пред голот на Црвена Звезда, Милуновиќ во гужва со напаѓачот Немања Николиќ ја погоди сопствената мрежа и гостите поведоа (0-1).

„Црвено-белите“ целосно се преселија на противничкото поле и во вториот дел доминираа. Немања Милуновиќ и Боачи имаа две големи шанси, но репрезентативниот голман Стојковиќ со чудесни одбрани го спаси Партизан.

Иницијативата на Црвена Звезда резултираше во 74. минута, кога европскиот јунак Милан Павлов израмни на 1-1, откако по комбинацијата со Бен, откосо го изненади гостинскиот голман. 

Повеќе со срце, отколку со глава Црвена Звезда навали кон победа, но резултатот не се менуваше и 159. дерби заврши без победник.