• Редакција Gol.mk
Македонските фудбалери секогаш биле на цена во Црвена Звезда. И денес во школата на клубот од Белград гравитираат македонски „бисери“, а наскоро може да им се придружи уште еден талент. Имено, фудбалерот на Работнички, Павел Марковски се наоѓа пред „вратите“ на Црвена Звезда.
Младиот битолчанец веќе неколку дена во Белград и ќе помине тест-период во Црвена Звезда. Се работи за член на кадетската екипа на Работнички, кој отскокна со својот квалитет и го привлече вниманието на поголемите клубови. Брзоногиот страничен фудбалер е во кругот на националната репрезентација во својата возраст и добро котира меѓу стручњаците во Црвена Звезда,
Павел Марковски доаѓа од спортско семејство и е син на прославеното ракометно име и поранешен капитен на ракометната репрезентација на Македонија, Иван Марковски.

