Павар го „избрка“ Рафиња, Бразилецот се враќа во татковината 

Десниот бек на Баерн Минхен, Рафиња, по завршувањето на оваа сезона ќе ги промени клупските бои и ќе го засили тимот на Фламенго, денес потврди бразилскиот фудбалер. 

Искусниот дефанзивец, откако не успеа да се договори за нов договор со германскиот шампион, се реши кариерата да ја продолжи во татковината и наскоро се очекува да потпише договор со еден од најголемите бразилски клубови. 

„Ми се допаѓаат плановите на Фламенго. Сè уште сум желен за титули, а таква прилика ќе имам токму во овој клуб. Преговорите се во последна фаза и се надевам дека набрзо ќе биде постигнат договор“, изјави бразилскиот интернационалец. 

33-годишниот Рафиња за осум години минати во Минхен одигра 255 натпревари, но оваа сезона е во втор план на Ковач, кој довербата на десната бековска позиција му ја додели на младиот Кимих. 

Пред неколку дена баварците го договорија и првото засилување за следната сезона, откако ставија потпис на четиригодишен договор со францускиот репрезентативец, Павар, кој игра токму како десен бек.