Паузата заврши: Роналдо се враќа во селекцијата на Португалија 

Фановите на фудбалската репрезентација на Португалија добија одлична вест во пресрет на првите два натпревари на селекцијата од квалификациите за Европското првенство во 2020 година. 

Во редовите на европскиот шампион се враќа најдобриот. По пауза до половина година Кристијано Роналдо повторно ќе му се стави на располагање на селекторот Фернандо Сантос за дуелите со Украина (22 март) и потоа Србија (25 март).

Список на фудбалери на Португалија за првите два натпревари од евро-квалификациите: 

Ѕвездата на Јувентус своето деби за Португалија го имаше во 2003 година и досега постигна 85 гола на 154 натпревари, а својот репрезентативен врв го достигна пред три години, кога стана европски шампион на континенталниот собир во Франција. 

Европско првенство, Квалификации, Група B
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 УкраинаУкраина 1 2 1 1 0 2:1 1 4
2 ЛуксембургЛуксембург 1 2 1 0 1 3:3 0 3
3 ПортугалијаПортугалија 1 2 0 2 0 1:1 0 2
4 СрбијаСрбија 1 0 1 0 1:1 0 1
5 ЛитванијаЛитванија 1 0 0 1 1:2 -1 0