• Саше Љолес

Играчот од средниот ред на Наполи, Скот Мектоминеј, ќе биде подложен на хируршка интервенција поради бенигна срцева аритмија, соопшти италијанскиот клуб.
Мектоминеј во наредните денови ќе биде опериран со минимално инвазивна метода на пулсна аблација (PFA). Според најавите, ќе биде надвор од терените до завршувањето на првата репрезентативна пауза, а неговото враќање се очекува во октомври.
29-годишниот Шкот беше прогласен за најдобар фудбалер во Серија А во 2025 година, откако имаше значаен придонес во освојувањето на шампионската титула со Наполи. Оваа година настапуваше и за репрезентацијата на Шкотска на Светското првенство.





