Пауло Бенто е нов селектор на Јужна Кореја

Пауло Бенто вечерва е именуван за нов селектор на Јужна Кореја, селекција која не ја мина првата фаза, но ја победи Германија на Светското првенство во Русија

49-годишниот Бенто потпиша четиригодишен договор со Корејската фудбалска асоцијација и главна цел е да обезбеди пласман на следниот Мундијал во Катар во есента 2022 година. Бенто доаѓа на местото на Шин Тае-Јон, кој замина по Мундијалот во Русија.

Некогашниот соиграч на нашиот Митко Стојковски во Овиедо, претходно работеше во грчкиот и португалскиот фудбал, а ја водеше и селекцијата на Португалија