Пау Кубарси и покрај страшната повреда во Белград, викендов сака да игра!

Пау Кубарси ќе го памети гостувањето во Лигата на шампионите кај Црвена Звезда, но не по победата на неговата Барселона (2-5). 

Младиот стопер доби удар во лицето од Урош Спајиќ, по кој имаше расекотина. Кубарси доби десетина конци и изгледаше како да бил на фронт, а не на натпревар во фудбал. 

И покрај таквото случување пред само неколку денови, дефанзивецот му ставил јасно дознаење на тренерот Ханси Флик дека викендов сака да игра против Реал Сосиедад. Кубарси нема во план да седи и да одмора, бидејќи смета дека не му е потребно време за заздравување. 

Сепак, според шпанските медиуми тренерот Флик е во двоумица и не сака да ризикува со младиот дефанзивец.