Пато се враќа во Англија, ќе го засили тимот на Аиртон Каранка?

Пато

Александре Пато е слободен играч од ова лето, по крајот на соработката со Сао Паоло. Поранешниот голгетер на Милан, Челзи и Виљареал е во потрага по нов клуб.

Се споменува негов можен кам-бек на англиско тло. За него заинтересиран е Бирмингем Сити, кој е доста неефикасен во новата сезона. Екипата ја предводи Аиртон Каранка, која се мачи во офанзивата и има само три постигнати гола на седум натпревари.

За него има интерес од Италија, поточно од Џенова и Специја. Со неговото име исто така се поврзува и Монца, каде сопственик е Силвио Берлускони.

31-годишникот се прослави играјќи за Милан. Во редовите на „росонерите“ одигра 150 натпревари и постигна 63 гола.