ВИДЕО: Партизан спречи двојна титула на Ц.Звезда и четврти пат во низа го освои Купот!

Финалето на Купот на Србија донесе радост за фудбалерите на Партизан кои четврта сезона во низа се радуваат на овој трофеј.

Да биде уште поголем успехот, на „Рајко Митиќ“ стадионот беше надигран вечниот ривал Црвена Звезда во меч кој беше решен со еден погодок (0-1).

  • Извештај од натпреварот: 

Херој на „црно-белите“ беше Бојан Остојиќ кој ја искористи лошата реакција на одбраната на противникот за со глава да ја затресе мрежата уште во 14. минута.

Остатокот од мечот помина без поголеми возбудувања и шанси на двете страни, со една сомнителна ситуација по еден час игра. Тогаш избраниците на Владан Милојевиќ бараа најстрога казна, но главниот судија оправдано остави играта да продолжи.

Партизан го издржа притисокот до крај и ја зголеми предноста пред градскиот ривал кога се во прашање титулите. Сега клубот стои на седум титули во однос на оние трите на Црвена Звезда во Куп натпреварувањето.