ВИДЕО: Партизан се „лизна“ во Крушевац, Војводина реди победи и го чува врвот

Српскиот победник на Купот, белградски Партизан покажа знаци на умор по натпреварот од квалификациите на Лига Европа против Малатијаспор и ремизираше во Крушевац против Напредак (2-2).

„Црно-белите“ на Саво Милошевиќ двапати го бркаа водството на домаќините, кое со два гола го донесе Ивановиќ, па Брезанчиќ и Сума израмнуваа.

  • Извештај од натпреварот: 

Војводина извојува лесна победа на гостувањето во Сурдулица со 0-4, а за новосаѓани головите ги постигнаа четири различни стрелци. Нашиот Бобан Ѓорѓиев ги одигра сите 90 минути за домаќините.

  • Извештај од натпреварот: 

Војводина и Бачка Топола се лидери со по 12 бода од четири натпревари, а максимален учинок има и првакот Црвена Звезда, но од три одиграни натпревари.