ВИДЕО: Партизан по пресврт слави кај Напредак за први бодови во Суперлигата

Фудбалерите на Партизан славеа на гостувањето кај Напредак со 1-3 (1-0), во првото коло од српската Суперлига. Избраниците на Саво Милошевиќ заслужено ги освоија првите бодови во лигата, каде на стадионот „Младост“ со пресврт дојдоа до триумф. 

Уште на стартот „црно-белите“ беа поконкретни, но недостигаше концентрација во завршницата. Домашната екипа поведе пред полувремето кога младиот Срѓан Косиќ стрелаше за 1-0 и водство на Напредак. 

Сепак, радоста траеше кратко бидејќи на самиот старт од второто полувреме, тукуштовлезениот Лазар Марковиќ погоди за израмнување и надеж на Партизан. Кога изгледаше дека ќе дојде до делба на бодовите, гостите добија пенал. Сигурен егзекутор на ударот од 11 метри беше Бибрас Начо кој во 89. минута погоди за 1-2, а конечниот резултат го постави младиот Никола Чолиќ во продолжението.

  • Извештај од натпреварот: 

Во второто коло, Партизан на Милошевиќ гостува кај Нови Пазар, додека Напредак патува кај Јавор.