Партизан пак смени тренер, Дуљај го плати цехот на поразите

Игор Дуљај повеќе не е тренер на фудбалскиот клуб Партизан, откако го плати цехот на кризата и поразите. 

„Црно-белите“ се во серија од четири последователни порази, два од лутиот ривал Црвена Звезда, еден од ТСЦ и еден од Чукарички. За само неколку седмици Партизан остана без шанси за титулата, а сега му е загрозена и втората позиција на табелата.

Поради тоа челниците на клубот на пет кола до крајот на сезоната се решија за смена и му врачија отказ на Дуљај. Тренерот кој ја презеде клупата на Партизан во февруари не успеа да ја крене екипата, па следеше нова промена. 

До крајот на сезоната клупата ја презема Алберт Наѓ, кој досега работеше како помошник на Игор Дуљај.