Партизан остана без живата легенда: Саша Илиќ на 41 година кажа збогум

Екипата на Партизан останува без легендарен фудбалер, затоа што Саша Илиќ, капитенот на тимот, на 41 година реши да се повлече од активното играње фудбал.

Илиќ беше испратен меѓу легендите баш онака како што доликува. „Гробарите“ приредија фешта на стадионот „ЈНА“, додека Илиќ лееше солзи на дождливото време во Белград. Се запали пиротехника, се вееше знаме со неговиот лик, а Илиќ доби френтични овации за се што направи за „црно-белиот“ дрес.

Некогашниот српски репрезентативец е дете на Партизан, каде ја почна младинската кариера, од 1986 до 1996. Во првиот тим Илиќ влезе во 1996 година и играше за белграѓани до 2005, па следеше странска авантура. 

Србинот потоа ги носеше дресовите на Селта, Галатасарај, РБ Салцбург и Лариса, за потоа, во 2010 година пак да се врати во Партизан и да остане до последниот ден од својата фудбалска кариера.

Илиќ со Партизан има 11 титули во српската Суперлига, како и шест во Купот на Србија. Бројот може да се зголеми на уште една, ако белграѓани успеат да го освојат овогодишениот Куп каде во финалето чека „вечно дерби“ против Црвена Звезда.