ВИДЕО: Партизан не успеа да ја победи Ц.Звезда, 163. дерби во Србија заврши со реми

Партизан и Црвена Звезда ги поделија бодовите од 163. големо дерби во Србија и одиграа реми со по еден постигнат гол 1-1 (1-0). Домашниот тим поведе на самиот старт преку Стевановиќ и долго водеше, ама искусниот Катаи казни од белата точка на 15. минути до крајот. Звезда со сигурност ќе биде позадоволна од нерешениот исход, бидејќи веќе сега има предност од осум бодови над ривалот на табелата.

Младиот Филип Стевановиќ постигна нов погодок за Партизан, овојпат во најголемото дерби против Црвена Звезда. Течеше шестата минута од натпреварот кога Стевановиќ го искористи подарокот и додавањето од противничкиот стопер Ераковиќ, па го лобуваше излетаниот Борјан за 1-0. 

До полувремето Партизан можеше да води и со два голови предност, ама Асано биеше малку непрецизно. Казната можеше да стигне на спротивната страна, Диего Фалчинели беше највисок во скокот и со глава биеше малку покрај стативата. 

Вториот дел мина во знакот на Звезда, која имаше негатива. Првата посериозна можност ја имаше Марко Гобељиќ, кој по одбиена топка ја погоди стативата од голот на Стојковиќ. Гостите добија и пенал поради невнимателен старт врз Саного во шеснаесетникот. Александар Катаи искусно биеше и го матира противничкиот голман, поставувајќи ги конечните 1-1. 

  • Извештај од натпреварот: 

До крајот на натпреварот Црвена Звезда не брзаше и беше задоволна со реми, а Партизан се обиде во неколку наврати, но не успеа да го загрози голот на Борјан.