• Мартин Танасковски
Македонскиот дефанзивец Бојан Димоски може да остане дел од белградски Партизан и во наредните шест месеци, затоа што црно-белите разгледуваат можност заа нов договор за продолжување на неговата позајмица од рускиот клуб Акрон.
Димоски, кој игра на позицијата лев бек, пристигна во Партизан во текот на вториот дел од минатата сезона, но немаше значајна улога во тимот, со оглед на тоа што одигра вкупно само 56 минути во црно-белиот дрес.
Сепак, управата на клубот гледа можност во подмладениот тим да му даде нова шанса и да го задржи во ростерот за првата половина од новата сезона.
Останува да се види дали во овој втор обид македонскиот репрезентативец ќе добие повеќе доверба од стручниот штаб и поголема минутажа, со цел да го потврди својот потенцијал и да се наметне како постојана опција во еден од најголемите клубови на Балканот.



