ВИДЕО: Партизан лесно до триумф со Младост, „Гробари“ навиваа од парк

Фудбалерите на Партизан иако вчера и официјално ја загубија битката за титулата од Црвена Звезда, на враќањето во Супер лигата беа убедливи со триумфот над Младост од 4-1. 

Лазар Марковиќ и Такума Асано уште до 20. минута ги донесоа „црно-белите“ во предност од два гола, пред да намали Обиора на 2-1, резултат кој важеше и на полувреме. По паузата Партизан продолжи во одлично темпо и преку Садик и Стевановиќ стигна до убедливата победа од 4-1. 

На натпреварот очекувано немаше публика на трибините, но најверните фанови на Партизан, популарните „Гробари“ се собраа покрај стадионот од каде одекна песна како поддршка на играчите. 

  • Видео од ситуацијата околу трибините: