• Мартин Танасковски

Екипата на Партизан ќе добие нов тренер во периодот кој следи, затоа што актуелниот стратег Гордан Петриќ си поднел неотповиклива оставка.
Петриќ ги водеше „црно-белите“ се до натпреварот против Шериф Тираспол во Белград, на кој Партизан доживеа пораз од 1-3 и покрај победата од Молдавија, ги заврши настапите во Конференциската лига на УЕФА.
Српскиот тренер ја презеде одговорноста и реши да ја напушти клупата. Разделбата ќе дојде пред репрезентативната пауза, која ќе биде во месец март, што значи дека управата ќе има време да пронајде негов заменик.