ВИДЕО: Партизан ја победи Ц. Звезда по четири години и стана есенски првак!

Екипата на Партизан го одбрани домашниот терен и во најефикасниот натпревар меѓу двете екипи во изминатите години славеше над големиот ривал Црвена Звезда (2-1), во последното коло пред паузата во српскиот фудбал.

Белградските ривали одиграа интересен меч кој го добија „црно-белите“ и така го победија ривалот за првпат по четири години во рамки на Суперлигата. Последниот триумф на Партизан над Црвена Звезда беше во 2019 година.

Триумфот на црно-белите го најави Натхо Бибас кој во 41. минута од белата точка донесе 1-0 за домашниот тим на „ЈНА“. Се играше 66. минута во второто полувреме, кога Салдања по асистенција на Захид зголеми на 2-0. 

Tимот на Бахар даде почесен гол преку Ндиаје во 71. минута, ама тоа беше се од Звезда, иако црвено-белите имаа повеќе шанси да израмнат и дома да си заминат непоразени. На овој натпревар ѝ беше и поништен еден гол на Звезда со ВАР кој го даде Хванг. 

  • Извештај од натпреварот: 

Партизан ја завршува есенската полусезона на првото место со 47 бода, пред Црвена Звезда со 46 бода. Суперлигата за вечните ривали продолжува во месец февруари.