Партизан изненади, го назначува Саво Милошевиќ за нов тренер

Српската фудбалска легенда Саво Милошевиќ се договори со Партизан и наскоро ќе биде промовиран за нов предводник на белградските „црвено-бели“.

Милошевиќ постигнал договор со управата и екипата ќе ја преземе в четврток. Клубот од Хумска во него гледа долгорочно решение на клупата, иако Милошевиќ нема тренерско искуство и за него ова ќе биде прв ангажман како главен тренер, по кратката асистентска функција во Црна Гора.

Деталите на договорот со 45-годишниот Милошевиќ ќе бидат обелоденети на прес-конференција, по неговата официјална промоција. 

Поранешниот фудбалер на Партизан на клупата го наследува Зоран Мирковиќ, кој поднесе оставка. Дебито на клупата на белграѓани, Милошевиќ ќе го има против Напредак, во рамки на 28. коло од Суперлигата.