Партизан го отпушти Стојаковиќ, новиот тренер е уште една клупска легенда

Управата на белградски Партизан реши да се раздели со тренерот Ненад Стојаковиќ, кому му беше врачен отказ после убедливиот пораз во дербито со Црвена Звезда (3-0). 

Стојаковиќ упати и порака до навивачите, во која се заблагодари за поддршката и изрази дека му било чест да го води првиот тим. 

„Почитувани навивачи на Партизн, ми беше чест и задоволство да го водам првиот тим. Ја преземам целосната одговорност за сите случувања во изминатиот период. Се надевам дека ќе продолжите да го бодрите својот клуб, играчите го заслужуваат тоа“, напиша Стојаковиќ. 

Неговото место ќе го заземе клупската легенда Дамир Чакар, од кого сигурно ќе се очекуваат многу подобри резултати до крајот на сезоната.