Партизан доведе Јапонец од Арсенал, Асано промовиран во Белград

Белградски Партизан и лондонски Арсенал постигнаа договор за трансфер на јапонскиот интернационалец Такума Асано. За обештетување од еден милион евра, Асано се пресели во „црно-белата“ половина на Белград и може да дебитира веќе следната недела против Малатијаспор во Лигата на Европа.

За јапонскиот креативец заинтересирани беа неколку клубови од посилните национални шампионати, а Партизан реагираше најбрзо и потпиша перманентен договор со Јапонецот. Деталите и годишната плата на фудбалерот не се познати. 

Пред да дојде во Арсенал. Асано настапуваше во Бундеслигата за Хановер и Штутгарт, а за јапонската селекција настапи на 18 натпревари и постигна три гола.