Партизан доби забрана за регистрација на играчи, можна е пожестока казна?

Белградски Партизан се наоѓа во големи неволји, откако Светската фудбалска федерација (ФИФА) официјално му изрече забрана на српскиот клуб за регистрирање нови засилувања. 

Мерката од ФИФА доаѓа по тужбата од кипарскиот Аполон, кој поднесе пријава против Партизан поради доцнење со исплатата за трансферот на голманот Александар Јовановиќ. Чуварот на мрежата беше доведен во летниот период, но Партизан не ја испочитувал договорената динамика на исплаќање. 

Рокот што белградскиот гигант го доби од ФИФА истекува на 31 октомври. Дотогаш Партизан ќе мора да ја исплати целата сума од 450.000 евра, во спротивно, ќе заработи жестока казна која може да резултира со двегодишна забрана за доведување нови играчи.