Пародија околу „Бернабеу“: Никој не знае кој е тој Лука Јовиќ (ВИДЕО)

Реал Мадрид е една од најактивните екипи во преодниот рок ова лето. Доведувањата на Азар, Милитао, Родриго и Јовиќ ги прават „кралевите“ компетитивни по ужасната сезона.

Трансферот на Србинот Јовиќ изненади многумина, а некои се одушевени од проекцијата „кралевите“ да купуваат млади фудбалери. Анкета на шпанската телевизија МЕГА сепак потврди колку фановите на екипата не го познаваат скапото засилување.

Имено, анкетирани беа десетици фанови, но ниту еден не знае кој е српскиот напаѓач, а некои го помешаа и со Еден Азар

Добро е познато дека приврзаниците на мадриѓани навикнале на „галактички“ засилувања и сите останати фудбалери не им се по мерак.