ВИДЕО: Парма победи по девет меча и опстана, Емполи го оддалечи Торино од ЛЕ

Екипата на Парма конечно забележа радост во Серија А и по девет натпревари дојде до полн плен. „Млекарите“ на домашен терен славеа со 1-0 (0-0) над Фиорентина и ја израдуваа својата публика затоа што опстанокот им е сигурен.

  • Извештај од натпреварот: 

Дуелот мина со многу шанси, но само еден гол. И тоа автогол, кој падна во средината на вториот дел. Трагичар на Фиорентина беше Жерсон, кој по една нафрлена топка од прекин си ја заби топката во сопствената мрежа.

„Виолетовите“ се во голема криза, не знаат за победа долго време, но, за среќа, нивниот опстанок е скоро обезбеден. Но, се уште не и сигурен.

Торино, пак, направи чекор назад во битката за влез во Лига Европа, затоа што доживеа дебакл кај Емполи и загуби со 4-1 (1-0). Акуа, Бриги, Ди Лоренцо и Капуто беа стрелци за домаќините, а единствениот погодок за „биковите“ го постигна Фалке.

Со овој резултат сега Џенова на Горан Пандев не зависи сама од себе за опстанок во лигата, бидејќи во последното коло мора да победи во Фиренца и да се надева на пораз на Емполи на „Џузепе Меаца“ против Интер

До крајот на 37. коло во Серија А има уште три натпревари.