• Саше Љолес
Екипата на Парма приреди големо изненадување и го совлада Јувентус со 1-0 (1-0) во натпреварот од 33. коло во италијанската Серија А.
- Парма - Јувентус 1-0:
„Млекарите“ одиграа храбар натпревар против традиционално незгодниот ривал, а творец на победата беше Матео Пелегрино, кој биеше прецизно со глава во последната минута од првото полувреме.
Гостите од Торино се трудеа во вториот дел да дојдат барем до егал-ситуација, шанси имаа Душан Влаховиќ, Коло Муани и Кефрен Турам, но не успеаја да ја затресат мрежата и на крајот се помирија со минимален пораз. Парма ја забележа првата победа по 14 натпревари и направи нов исчекор кон опстанокот во Серија А, додека Јувентус останува на петтата позиција со 59 бода на своето салдо.
- Каљари - Фиорентина 1-2:
- Торино - Удинезе 2-0:
Фиорентина со пресврт го надигра Каљари на гостински терен и славеше со конечни 1-2, а Лацио беше сигурен и ја совлада Џенова со 0-2.
Торино со сигурни 2-0 го надигра Удинезе, а нашиот Ељиф Елмас беше во почетниот состав и одигра 76 минути.