• Саше Љолес
Јувентус и Парма одиграа одличен натпревар и ремизираа со 2-2 (1-2) во дуелот во рамките на десеттото коло од италијанската Серија А. Двата тима имаа по една колосална шанса за освојување на целиот плен, но на крајот мораа да се задоволат со поделба на бодовите.
Парма поведе со голот на Ел Прато уште во третата минута, но Јуве успеа да возврати преку Вестон МекКени, кој биеше прецизно половина час подоцна. „Млекарите“ продолжија со добрата игра и успеаја да поведат со 1-2 по голот на Симон Сом, резултат кој остана и на паузата меѓу двете полувремиња.
- Јувентус - Парма 2-2:
Очекувано, „бјанконерите“ притиснаа на стартот од вториот дел. Играчите на Тиаго Мота беа во одличен налет и израмнија на 2-2 откако мрежата на гостите ја затресе Тимоти Веа по само три минути игра. Темпото се разгоре, Парма имаше и колосална шанса за ново водство, но Ди Грегорио го одбрани ударот на Адриан Бернабе. Влаховиќ и Локатели беа во одличен ритам и создадоа уште две солидни шанси за Јуве, но резултатот не се промени до крајот (2-2).
Екипата на Аталанта во второто полувреме го скрши отпорот на Монца и ја совлада со конечни 2-0 (0-0), а стрелци на головите беа Србинот Лазар Самарџиќ и Давиде Запакоста.
- Аталанта - Монца 2-0:
За избраниците на Џанпјеро Гасперини ова беше шести сезонски триумф со кој остануваат на третата позиција со 19 бода, еден повеќе од Јувентус.