• Зоран Мишевски
Наполи ремизираше на гостувањето кај Парма во натпреварот од 32. коло од Серија А и ги намали и така малите шанси за титула (1-1). Така, Наполи го доближи Интер до титулата со овој кикс, бидејќи тимот на Антонио Конте сега е шест бода зад Интер, кој вечерва го игра својот натпревар со Комо.
- Извештај од натпреварот:
Шампионот упати дваесет шутеви кон голот, додека Парма успеа да постигне гол и да заработи голем бод, играјќи само дефанзива. Парма поведе по само триесет секунди. Голманот Сузуки испрати долга топка, Елфез со глава ја упати кон Стрефеца, кој дијагонално од левата страна погоди за 1-0. Наполи, како што се очекуваше, веднаш ја презеде иницијативата, Парма се повлече и го задржа водството цел еден час.
Во 60. минута Мектоминај шутираше прецизно од 15 метри по земја за израмнување (1-1). Наполи продолжи да напаѓа и да игра на противничката половина, но Парма одлично се бранеше. Резервистот Алисон Сантос имаше шанса во 78. минута, но шутираше покрај голот. Парма одеднаш повторно можеше да поведе, откако во 82. минута шанса имаше Мандела Кеита, чиј удар го сопре брилијантниот Вања Милинковиќ-Савиќ.
Наполи ја заврши својата одлична победничка серија и сега Интер има „меч-топка“ за титула. Ако вечерва го победи Комо, ќе има недостижна предност од девет бода пред тимот на Конте.









