Паркер: Не можевме да го преживееме ова брутално темпо

Скот Паркер, менаџерот на Фулам, по поразот од Барнли и испаѓањето од Премиер лигата призна дека неговиот тим не бил доволно добар за да обезбеди опстанок во англиската елита.

Малиот клуб од Лондон им се приклучи на Шефилд Јунајтед и ВБА и од следната сезона ќе се натпреварува во Чемпионшип.

„Ова сценарио беше на повидок, но не ги намалува тагата и разочараноста што ги чувствувам. Имаше добри моменти оваа сезона, некогаш игравме добро, но не успеавме. Не бевме доволно добри. Играчите работеа напорно и се бореа, но сепак требаше уште за да се преживее на ова ниво. Ова тампо е брутално“, рече младиот стратег.

Фулам оваа сезона тотално потфрли на својот „Крејвен Котиџ“, затоа што на дури единаесет натпревари не успеа да постигне гол.