• Горан Упале

Требаше да биде еден од најголемите трансфери во зимскиот преоден рок, но на крајот пропадна поради бизарна ситуација. Хаким Зијеч ги договорил личните услови со Пари Сен Жермен, се упатил кон Париз и чекал Челзи да ги испрати сите потребни документи кои ќе му овозможат да стане соиграч со Лионел Меси. Нејмар, Килијан Мбапе. Сепак, поради грешка во документацијата, зделката пропадна, а најавени се жалби.
Клубовите сè уште преговараа кога Зијеч беше на лекарски преглед во Париз и чекаше документација со која ќе биде потврдена неговата позајмица до крајот на сезоната. Преодниот рок во Франција траеше до полноќ, преговорите се одолговлекуваа пред да се постигне договор, а потоа дојде до трка со времето.
Француските новинари дознаваат дека Челзи погрешно го испратил потпишаниот документ. По опомената од ПСЖ лондончани тргнаа да ја поправат грешката и уште еднаш неправилно ги испратија хартиите. Следуваше трет обид и повторно истата грешка. Во меѓувреме помина полноќ и зделката пропадна.
Во Париз се бесни и подготвуваат жалба до здружението на француски прволигаши. На таа адреса, наместо на ПСЖ, Челзи ја испрати потребната документација. Кога таа пристигна во клубот од Париз, преодниот рок веќе беше завршен.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.