• Зоран Мишевски
На величенствен начин и со илјадници луѓе низ париските улицк, денес европскиот првак имаше своја шампионска парада. Париз беше обоен во дресови на Пари Сен Жермен, а на стадионот „Парк на принцовите“ веднаш беше поставен нов брендинг со освоената титула во Минхен.
За разлика од синоќа денес низ улиците беше мирно. Сепак, загрижуваат нередите кои однесоа и два животи при прославата на европската титула. Полицијата и органите на редот доцна во ноќта се обидуваа да ги смират страстите, а француските медиуми јавуваат за повеќе од 200 приведени. Повредени се над 100 лица, од кои две жени се во тешка состојба, a има и потврдени информации за две лица кои трагично го загубиле животот.
Француските власти најавија детална истрага за нередите во Париз и очекуваат сите прекршители на законот да бидат изведени пред лицето на правдата.
- Комплетната прослава на европската титула на Пари Сен Жермен:
„Светците“ ќе инкасираат околу 150 милиони евра, што е најголемата сума за еден клуб во една сезона во Лигата на шампионите.
Со тројната круна која ја завери во саботата, ПСЖ стана десеттиот клуб во Европа со сите титули во една сезона. Пред тимот на Луис Енрике, овој подвиг им успеал на: Селтик (1967), Ајакс (1972), ПСВ (1988), Манчестер Јунајтед (1999), Барселона (2009 и 2015), Интер (2010), Баерн (2013 и 2020) и Манчестер Сити (2023).





