ВИДЕО: Парехо со два пенала ја сруши Мајорка на Трајковски

Дани Парехо

Фудбалерите на Валенсија во третото коло од Примера стигнаа до првата сезонска победа. „Лилјаците“ денес ја надиграа Мајорка (2-0) на „Местаља“ и го напуштија долниот дел на табелата.

  • Извештај од натпреварот:

Македонскиот интернационалец Александар Трајковски доби шанса во вториот дел, но не направи многу за да спречи пораз на својата екипа.

Еден фаул и едно играње со рака во рок од 15 минути беа кобни за гостите. Истите беа направени во просторот за најстрога казна, а судијата во двата наврати не се колебаше и покажа на белата точка.

Ветеранот Дани Парехо најпрво шутираше во левата, а потоа во десната страна и го постави конечниот резултат. Македонскиот интернационалец Александар Трајковски влезе во игра во 64. минута од натпреварот. 

Во следното коло, Мајорка го пречекува Атлетик Билбао, а Валенсија игра големо дерби со Барселона на „Камп Ноу“.