ВИДЕО: Парехо даде супер-гол, Еспањол не го победи ниту фенерџијата

Еспањол влезе во негативна тенденција, а „фенерџијата“ Хуеска откина значаен бод на гостувањето на „Корнеља Ел Прат“ во Барселона. Во првиот натпревар од 25. коло на Примера, ниту раното водство на Каталонците не им беше доволно за три бода, па натпреварот заврши без победник, 1-1 (1-0).

„Сино-белите“ поведоа со голот на поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Валенсија, Естебан Гранеро од слободен удар уште во 20. минута. Екипата на тренерот Руби пропушти уште две шанси до одморот да побегне на двојна разлика.

Казната стигна на почетокот од вториот дел, кога Хабиер Ечеита во 47. минута ги постави финалните 1-1. Со ова реми Хуеска не направи голем скок на дното, а Еспањол со 30 бода и натаму е поблиску до дното, отколку до Европа. 

Во следните три дена се играат уште девет натпревари од шестото пролетно коло, а Барди и Леванте в недела го пречекуваат европскиот првак Реал Мадрид. Столе Димитриевски и Рајо Ваљекано утре во пладневниот термин гостуваат кај градскиот ривал Хетафе, а дербито се игра во Андалузија, каде Севиља ја пречекува водечката Барселона.