ВИДЕО: Паредес и Вилијамс го решија Виљареал и донесоа деветти триумф за Атлетик во Примера

Атлетик Билбао одигра сигурен и рутински натпревар во 16. коло на шпанската Примера и славеше со 2-0 (1-0) над екипата на Виљареал. 

  • Атлетик Билбао - Виљареал 2-0: 

Домаќините стигнаа до деветтиот сезонски триумф со головите на Аитор Паредес и Ињаки Вилијамс, кои постигнаа по еден погодок во двете полувремиња, сосема доволни за нови три бода и израмнување на салдото со Атлетико Мадрид кој има два натпревари помалку. 

Успешниот ден за тимовите од Баскија го заокружи и Реал Сосиедад, кој без никакви проблеми славеше со убедливи 0-3 на гостувањето кај Леганес. 

Браиз Мендез ги доведе гостите во водство од 0-1, а потоа во листата на стрелците се запишаа уште Андер Баренетчеа и искусниот Микел Ојарзабал. Реал Сосиедад сега има 24 бода и ја зазема шестата позиција на табелата, додека Леганес со 15 бода се наоѓа на петнаесеттото место во Примера.