• Зоран Мишевски
Во едно од најголемите дерби соочувања во светот, Бока Јуниорс го победи Ривер Плата на гостински терен со 0-1 (0-1), во тврд и не многу гледлив дуел. Бока Јуниорс ги навикна своите навивачи на добри резултати во дерби дуелите со Ривер Плата на гостински терен, па вечерва по старото добро сценарио и цврстата одбрана стигна до бодовите.
- Извештај од натпреварот:
Дербито не донесе спектакуларен натпревар, иако имаше убави потези и возбуда од двете страни, но спектаклот беше само на трибините. Речиси 80.000 навивачи создадоа незаборавна атмосфера во текот на целиот натпревар, дури и неколку часа пред почетокот на натпреварот. Ривер беше подобар ривал до финишот на првиот дел, пропушти и неколку шанси, а гостите не шутнаа ниту еднаш кон противничкиот гол. До 45. минута по играта со рака на Мартинез Кварта, беше досуден пенал за Бока дури по прегледување на снимката во ВАР-собата. Леандро Паредес беше исклучително прецизен од пенал и донесе водство за Бока (0-1).
Во второто полувреме имаше сè и сешто, но резултатот не се промени. На крајот, Бока оствари голема победа која сигурно ќе ја слави со денови.


