ВИДЕО: Парагвај со спектакуларни „ножички“ ја сруши Аргентина!

Фудбалската репрезентација на Аргентина го доживеа и третиот пораз во квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

По неуспехот против Колумбија во второто и Уругвај во четвртото коло, „гаучосите“ сега беа поразени од репрезентацијата на Парагвај со 2-1.

  • Парагвај - Аргентина 2-1:

Ова е историска победа за оваа репрезентација која првпат по 2009 година успеа да слави во меч против актуелниот светски шампион. А до истата Парагвајците стигнаа по пресврт и со спектакуларни „ножички“. Лисандро Мартинез погоди за 0-1, но веднаш потоа Санабрија со атракција израмни на 1-1, резултат со кој се замина на одмор. Во второто полувреме домаќинот ја искористи првата шанса и преку Алдерете обезбеди голем триумф. 

  • Еквадор - Боливија 4-0:

Ноќва се одигра уште еден натпревар во квалификациите за Светското првенство, на кој Еквадор со убедливи 4-0 славеше над Боливија. 

Состави

Густаво Алфаро

4-4-2

    Лионел Скалони

    4-3-3