ВИДЕО: Папу одново изведе „магија“, раскошниот шут го покажа и во Данска

Аталанта одново покажа сила и препознатлива игра, па се радуваше на убедлив триумф во Данска кај Мидтјиланд од 0-4 (0-3) во првото коло од Лигата на шампионите. Очигледно избраниците на Гасперини лесно го надминаа убедливиот пораз од Наполи викендов во Серија А и покажаа дека се тим кој игра неверојатен фудбал. 

Иако овој клуб игра тимски фудбал, каде нема ѕвезди кои премногу се издвојуваат од останатите, сепак капитенот Алехандро Гомез е вистински волшебник и тоа на дело го почувствува и данскиот претставник. Популарниот Папу доби вратена топка на околу 25 метри од Запата и со неверојатна бомба биеше неодбранливо и од стативата погоди за 0-2. 

  • Голот на Папу Гомез против Митјиланд:

Аталанта и Мидтјиланд се најдоа во групата Д, каде ќе се пресметаат уште со Ајакс и Ливерпул, каде англискиот првак минимално славеше во меѓусебниот дуел (0-1).