ВИДЕО: ПАОК со ново чудо на „Тумба“, ја исфрли големата Бенфика

Грчки ПАОК продолжува со изненадувањата во квалификациите за Лигата на шампионите и на домашен терен славеше над португалска Бенфика (2-1), со што обезбеди место во последниот филтер од циклусот.

  • Извештај од натпреварот:

Солунскиот тим покажа дека доминантниот меч со Бешикташ не беше случајност и со уште една сигурна победа се пласира во плејофот каде за разлика од претходните фази ќе се играат по два меча, односно систем дома-гости.

Творци на победата беа Димитрис Јанулис и поранешниот играч на „орлите“ Андрија Живковиќ. Грчкиот репрезентативец кој игра во средниот ред во листата на стрелците се запиша во 63. минута, додека „џокерот“ Живковиќ влезе од клупа и ја елиминра Бенфика во 75. минута.

Тоа беа две одлични тимски акции, крунисани со гол. Пред самиот крај на мечот Бенфика го намали поразот преку Рафа Силва во 94. минута.

ПАОК во последниот филтер пред групната фаза ќе се соочи со руски Краснодар.