ПАОК си измисли „двојна круна“ и ја славеше Куп-титулата со маски со ликот на Савидис

Екипата на ПАОК во финалето од Купот на Грција го совлада АЕК (2-0) и го крена трофејот, а по натпреварот, фудбалерите направија потег кој се најде на насловните страници низ грчките медиуми.

Фудбалерите ја славеа победата со маски од ликот на претседателот Иван Савидис, кој направи прекин и предизвика скандал на претходниот меч меѓу двата тима во првенството, во март.

Тогаш, тој влета на терен со пиштол, поради поништен гол и обвини дека ПАОК е ограбен и дека првенството е нерегуларно. Исто така, ПАОК иако не е официјален шампион во првенството, си измисли и „двојна круна“, па славеше со маици на кои со бели букви беше испишано „двојна“.

Актуелен шампион во Грција е АЕК, но, очигледно, ривалот не им ја признава титулата.