• Зоран Мишевски
Сезоната во грчкиот фудбал има само едно име - солунски ПАОК. Неколку недели по освојувањето на грчката Суперлига, „црно-белите“ го освоија и Купот на Грција, потврдувајќи дека екипата на Разван Луческу е убедливо најсилeн состав во нашето јужно соседство.
Дуелот во Атина меѓу ПАОК и АЕК им припадна на фудбалерите од Солун, кои славеа со 1-0 (1-0), а единствениот гол го постигна Чума Акпом во судиското надополнување на првиот дел. Ова е прва двојна круна на клубот од „Тумба“ во поновата историја, а „жолто-црните“ од Атина следната сезона ќе се натпреваруваат во Лига Европа.
- Извештај од натпреварот:
Се предвидува големо славје во Солун по повод најголемиот успех во поновата историја на ПАОК.



