• Саше Љолес
Тренерот кој ѝ ја донесе на Португалија првата европска титула, Фернандо Сантош, од следната сезона ќе го преземе грчкиот гигант, Панатиниакос.
Информацијата ја објавија медиумите кај јужниот сосед, кои велат дека „детелинките“ се незадоволни од работата на Фатих Терим, а токму Сантош ќе биде негова замена за следната сезона. ПАО ќе го раскине договорот со Терим и ќе му понуди двегодишна соработка на Сантош, кој би требало да заработува околу 1,5 милиони евра годишно.
Португалскиот стратег е пред крајот на договорот со Бешикташ и многу е веројатно дека наскоро ќе се пресели во Атина. Тој е добропознато име во Грција, затоа што беше селектор на оваа репрезентација во периодот меѓу 2010 и 2014 година, а во минатото седеше на клупата на ПАО и АЕК од Атина.