Панучи за Пике: Тој е навистина храбар и има големи ма*иња!

Кристијан Панучи

Селекторот на Албанија, Кристијан Панучи испрати комплименти на сметка на Жерард Пике, кој е осудуван во Шпанија поради своите изјави во врска со независноста на Каталонија.

„Искрено мислам дека тој е многу храбар и има големи мади*а. Не сакам да навлегувам во неговите политички определби, но јас сакам луѓе со искрен карактер. Тој е прoфесионалец и постојано настапува на високо ниво, па не мислам дека ваквата реакција на фановите ќе има некаков ефект врз неговата игра“ , изјави италијанскиот тренер.

Фановите на „црвената фурија“ не сакаат да слушнат за Пике во нивната репрезентација и својот гнев го изразуваат на секој тренинг на своите миленици.

Екипата на Јулен Лопетеги денес со почеток од 20.45 часот на домашен терен ќе ја пречека репрезентацијата на Албанија во претпоследното коло од квалфикациите за Мундијалот во Русија 2018.