Паноски од Академија Пандев ја задолжи опремата на Воска Спорт

Второлигашот Воска Спорт претстави уште едно засилување за новата сезона. Игор Паноски  ја задолжи опремата на амбициозниот клуб кој ќе ја има својата деби сезона во Втората македонска фудбалска лига - Запад. 

Паноски во Воска Спорт доаѓа од редовите на Академија Пандев, каде што ги мина последните шест месеци, а претходно настапуваше и за Беласица и Прилеп. Се работи за 22-годишен фудбалер кој игра на стоперската позиција.

Амбициозниот второлигаш гради сериозен тим кој во новата сезона може да конкурира за највисок пласман и промоција во ПМФЛ. Предводник на овој проект е Раде Цицмиловиќ, стратег кој во тимот се пресели ова лето.

Воска Спорт дојде до второлигашки статус преку баражот, а натпреварите во ВМФЛ-Запад ќе ги стартува на СЦ „Билјанини Извори“.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.