Паника во Шпанија поради коронавирус, што ќе се случи со „Ел Класико“?

Појавата на коронавирусот во Европа направи големи одложувања на настани, а сличен случај би можело да има и во Шпанија.

Неколку спортски настани беа одложени во Италија поради ширење на вирусот, а овој викенд дел од дуелите ќе се играат без публика. Паника има и во Шпанија, каде најмалку 15 лица се заразени со вирусот.

Заразените се задржани во болница, но населението стравува дека вирусот може да се шири. Поради тоа се стравува што ќе биде со настаните во Примера, а во фокусот е ставено „Ел Класико“ меѓу Реал Мадрид и Барселона.

Засега се вели дека се оди по планот и дека се преземаат сите мерки вирусот да не се прошири, но повеќе информации ќе бидат познати во наредните денови. Можно е „Ел Класико“ да биде одложено, или, пак, да се игра без публика.