Паника во англиската селекција, Рашфорд надвор од стројот?!

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, доживеа повреда на коленото и ќе го пропушти денешниот тренинг на репрезентацијата на Англија.

Младиот фудбалер, кој е прогласен за играч на натпреварот на дуелот меѓу Англија и Костарика, заработи истегнување на мускулот во пределот на коленото, но во „Гордиот Албион“ се верува дека повредата не е сериозна.

Останува да се види дали асот на Јунајтед ќе биде подготвен за првиот меч на Мундијалот, кој е закажан за понеделник против селекцијата на Тунис. Иако за очекување е тој да се најде во стартните 11, сепак повредата би можела да го истисне од првиот состав.