ВИДЕО: „Пандевци“ не го искористија киксот на Вардар и се сопнаа во Тетово

Фудбалерите на Академија Пандев не го искористија киксот на Вардар во Струга и не успеаја да ја намалат разликата во однос со водечката екипа. Тимот од „Младост“ поведе рано, но не го задржа резултатот до крај за да оствари прва победа на гостувањата кај Ренова (1-1).

Гостите стигнаа до водство од првата посериозна шанса, со голот на Сашко Пандев. Напаѓачот комбинираше со Кристијан Стојкоски, кој несебично му ја врати топката и му овозможи убава шанса. Капитенот на струмичани го префрли голманот и со многу среќа на крајот се израдува на погодок.

Остатокот од мечот им припадна на домашните фудбалери, кои целосно се префрлија пред голот на противникот. „Пандевци“ се бранеа со девет фудбалери и речиси да не покажаа интерес за голот на Ренова во вторите 45 минута. Само Пандев беше најистурен во офанзивата и чекаше грешка на одбраната или контра напад на својата екипа.

Голема шанса за израмнување пропушти Артан Велиу во 70. минута. Домашниот играч излезе сам на левата странична позиција, но наместо да шутира, одлучи да ја врати топката до своите соиграчи, што беше прочитано и спречено од страна на гостинската одбрана.

Казна за незаинтересираноста на Академија Пандев пристигна неколку минути подоцна. Нововлезениот Илирид Адеми го изненади Душан Чубраковиќ и го совлада со удар со глава од голема далечина. Голманот на струмичката екипа како да не очекуваше ваква реакција на противникот, па затоа не реагираше за да спречи израмнување.

Тоа беше конечниот резултат од кој позадоволни се фудбалерите на домашната екипа. Во следното коло, Ренова игра градско дерби против Шкендија, а Академија Пандев на домашен терен ќе ја пречека Струга Трим Љум.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 14 9 3 2 20:6 14 30
2 Академија ПандевАкадемија Пандев 14 7 5 2 16:5 11 26
3 ШкендијаШкендија 1 14 6 3 5 17:8 9 21
4 СилексСилекс 1 14 7 0 7 15:16 -1 21
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 1 14 4 6 4 14:14 0 18
6 ШкупиШкупи 3 14 4 6 4 14:12 2 18
7 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 14 5 3 6 13:18 -5 18
8 РеноваРенова 14 4 3 7 11:19 -8 15
9 БорецБорец 14 4 3 7 11:23 -12 15
10 РаботничкиРаботнички 14 3 2 9 10:20 -10 11